Гостивар: Нападнато 19-годишно момче

Деветнаесетгодишниот Д.И. од Ломница, пријавил дека вчера околу 17 часот на улица „Панче Поповски“ во Гостивар бил нападнат од две непознати лица, додека со неговиот другар Б.М.( 20 ) со возило „БМВ“ се движеле кон гостиварскиот голем пазар.

Двајцата напаѓачи со поставување рачна количка им го попречиле патот пред возилото, а потоа со метални предмети почнале да ги удираат и да го оштетуваат возилото. При тоа, Д.И. бил удрен по главата и му била нанесена видлива расекетотина.

Набрзо, во Полициската станица Гостивар приведени се И.Ч ( 18 ) и А.Ч.( 19 ), двајцата од Топлица, поради сомнение дека учествувале во тепачката.Од нив се одземени метални цевки, кои се претпоставува дека ги користеле во тепачката.

Се работи на расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.