Фото: Гостиварчанец шверцувал мигранти за 300 евра по човек

Триесетгодишниот Ф.Б. од Гостивар доби кривична пријава поради злоупотреба на безвизниот режим. На ГП „Долно Блаце“ по полициски пат биле депортирани девет македонски и еден српски државјанин поради илегален влез во Косово.

Од страна на полицијата е утврдено дека пријавениот во претходен договор со лицата за сума од 300 евра за возрасен и 150 евра за деца се обидел да ги превезе до Германија со цел да побараат азил, по што на 20.08.2014 година преку неотворениот премин „Станчиќ“ со возило „Форд Транзит“ успеале илегално да ја преминат државната граница.