Гостиварци пустошеле шуми

ПС Гостивар поднесе кривична пријава против А.Е.(29), Ш.С.(29) и М.А.(19), тројцата од Гостивар, за сторено кривично дело „пустошење на шуми“. На 17.10.2014 година, од страна на полициски службеници затекнати се пријавените при вршење дотур на 7,15 метри кубни бесправно исечени дрва, кои претходно ги исекле во атарот на с.Сушица, гостиварско, на штета на ЈП „Македонски шуми“ ШС „Шар“-Гостивар на износ од 50.050 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.