вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 45

Гостиварци се запознаа со проектот „Купи куќа за млади“

Министерството за финансии, синоќа во салата на гостиварскиот општински совет организираше презентација на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.

kukaaa.jpg-500

Последни вести

Претставникот од Министерството, Кирил Симеоновски пред присутните граѓани нагласи дека со овој проект, младите брачни двојки можат да одберат еден од двата модела кои им се на располагање – „Субвенција на месечната рата“ или „Субвенција на учеството“.

На презентацијата беше истакнато дека проектот „Купи куќа за млади“ е наменет за младите до 35 годишна возраст за купување, изградба, надградба или доградба на куќа. Пред гостиварци беше објаснето и кои услови треба да ги исполнат заинтересираните граѓани за да ги уживаат погодностите од овој проект.

gostivarci

– Висината на месечните приходи не смее да надмине 900 односно 1.300 евра за брачни другари, а при тоа не смеат да поседуваат стан или куќа на свое име. Рокот на отплата е најмалку 20 години со можност за предвремена отплата по 12-та година за првиот модел и по 10-тата година за моделот субвенција на учество. Со целокупната документација се аплицира во осум деловни банки, рече Симеоновски.

Преку првиот модел – „Субвенција на месечна рата“ Владата во тек на 11 години отплаќа дел од ратата за кредит за куќа и тоа првите 8 години 80 отсто од ратата (главнина и камата) и следните три години (9-та, 10-та и 11-та) 50 отсто од ратата.

Освен за овој проект беше појаснето и за проектот „Купи куќа, купи стан“ кој за разлика од претходниот нема определена старосна граница на кандидатите.

Презентации во рамки на караванот се одржаа и во Тетово и Кичево.

Најчитани вести