Гостиварец избоден со нож

Во гостиварското село Србиново околу 07:15 часот, Ќ.А.(49) од истото село откако влегол во маркет „Ветон“, го нападнал сопственикот на маркетот А.А.(51).

Напаѓаќот го удрил сопственикот на маркетот и со нож му нанел убодни рани во пределот на рбетниот столб.

На А.А му е укажана лекарска помош во МЦ-Гостивар, а поради сериозноста на повредите е пренесен во КЦ-Скопје. МВР денеска соопшти дека Ќ.A е приведен во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.