Гостиварец криумчарел мигранти до Куманово

Полицијата од Свети Николе пред влезот во градот во автомобил открила сокриени четворица марокански државјани кои илегално влегле во земјава.

Во подоцнежната истрага е откриено дека возачот кој им избегал на полицајците е Ј.Р. (38) од Гостивар. Тој со странците се договорил да ги пренесе до Куманово за по 20 евра по човек.