Гостиварец наместо вино се напил отровна течност, загрозен му е животот

Жител на Гостивар итно бил пренесен на Ургентното одделение откако се отрул со непозната течност, јавуваат од полиција.

Педесет и деветгодишниот гостиварец Џ.К. испил, односно се затрул со непозната течност ставена во шише за вино.

На Џ.К. му била укажана лекарска помош, а поради сериозно нарушената здравствена состојба бил префрлен во Ургентен центар Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.