Гостиварец нападнал полицаец на должност

Четириесет и пет годишниот С.Д. од Гостивар вчера нападнал полицаец откако бил сопрен со возилото.

Инцидентот се случил на магистралниот пат Гостивар-Кичево кога С.Д. бил сопрен поради прекрок, а при проверка на документи тој почнал да вербално да ги навредува полициските служебници. Во еден момент изнервираниот гостиварец турнал еден од полицајците, по што е приведен.

Од полицијата информираат дека по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава против С.Д.