Гостиварец „олеснет“ за 100 евра

Гостиварец „олеснет“ за 100 евра
Гостиварец „олеснет“ за 100 евра

Шеесетгодишниот М.М. од гостиварското село Лакавица, вчера пријавил дека околу 10 часот во паркот во близина на Болницата во Гостивар го пресретнале две непознати лица, кои претходно седеле на клупа.

Едниот од нив му побарал 100 евра, наводно за да плати болнички услуги за неговата сопруга. Како гаранција дека брзо ќе му ги врати му оставил  „златен“ рачен часовник.

По двочасовно чекање, непознатиот не се вратил, а на М.М. му станало јасно дека е измамен.

Полицијата работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на измамниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.