Гостиварец погоден од заскитан куршум

Седумдесетгодишниот Ќ.М. од село Долна Бањица, гостиварско, вчера бил ранет од заскитан куршум додека работел на нива.

Како што соопшти МВР, куршумот му нанел повреда во пределот на ногата по што му е укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово, но поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.