Гостиварец претепал бербер

Осумнаесетгодишниот М.А. од гостиварско Дебреше доби кривична пријава бидејќи во тепачка му ја скршил носната коска на берберот.

Пријавениот по настаната вербална расправија, физички го нападнал вработениот нанесувајќи му тешка телесна повреда-фрактура на носна коска.