Гостиварец се ранил во нога на излет

Триесет и едногодишен жител на гостиварското село Сенокосе, се ранил со огнено оружје по што бил пренесен во Тетовската болница.

Од СВР Тетово го потврдуваат случајот и информираат дека најверојатно станува збор за самоповредување.

Имено, од СВР Тетово, додаваат дека повредениот С.Ј. заедно со уште неколку другари заминале на излет во селото Неготино-Полошко.

Во еден момент С.Ј. извадил пиштол, чиј сопственик е неговиот татко, и пукал кон шише кое го поставил како мета. Еден од искупаните куршуми завршил во неговата лева потколеница. Потоа бил пренесен во Гостиварската општа болница, од каде го испратиле во Тетовската болница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.