Македонија,Крими хроника

Гостиварец се застрелал додека пукал на семејна веселба

Гостиварец се застрелал додека пукал на семејна веселба

Седумдесет и деветгодишниот А.А. од гостиварско Горна Бањица вчера се погодил во левата нога додека пукал со пишол на семејна веселба.

Тој испукал 8 куршуми во воздух, а потоа мислејќи дека веќе нема куршуми, испукал кон земја, но се погодил во левата нога.Истиот е пренесен во МЦ-Гостивар.

Извршен е увид и се преземаат мерки за целосно расчитување и документирање на настанот.