Гостиварец со нож ја нападнал девојката оти сакала да му раскине

ПС Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Б.(57) од с. Горна Бањица, гостиварско, кој со нож ја нападнал својата девојка.

На 16.ноември минатата година, пријавениот се обидел да влезе во станот на 44 годишно женско  лице, а откако истата не му дозволила, тој  преку прозор влегол во нејзиниот стан, физички ја нападнал и се обидел да ја повреди со нож.

Мотив за извршување на кривичното дело е што оштетената вонбрачно живеела со пријавниот и сакала да ја прекине љубовната врска.