Гостиварка грабната од невенчаниот сопруг откако го напуштила

Педесетгодишната гостиварка М.У, вчеравечер околу 20 часот пријавила дека нејзината 28-годишна ќерка И.У. еден час пред тоа насилно била грабната од лице од Балиндол.

Од СВР Тетово информираат дека 28 годишната жена со лицете пет години невенчано живееле, но поради нивни несогласувања, таа пред извесно време го напуштила и се вратила дома.

Мажот ја пресретнал додека се враќала од продавница, а подоцна телефонски се јавил и и кажал на М.У. дека тој ја грабнал и дека нема да ја врати назад.

Полицијата презема мерки и активности за расчистување на случајот и за пронаоѓање на И.У.