Гостиварка паднала од 4-ти кат

Триесет и едногодишната гостиварка Н.Н, вчера околу 17 часот и 45 минути паднала од прозорец од четвртиот кат на станот во кој престојувала на улица „Мара Угринова“ во Гостивар.

Од паѓањето задобила тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, итно е префрлена на скопските клиники, информираат од СВР Тетово.

Извршен е увид и се расветлуваат сите поединости поврзани со овој случај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.