Гостиварка претепана од сопругот и свекорот

Четириесет и едно годишната гостиварка С.Р. вчера ги пријавила сопругот и свекорот за семејно насилство. Таа во полициската станица изјавила дека била физички нападната од сопругот Г.Р. (42) и свекорот М.Р.(64).

На насилството му претходела вербална расправија меѓу сопружниците, по што мажот ја удирал со тупаници, клоци и дрвен предмет. Набрзо потоа се приклучил и свекорот, кој освен што ја удрил неколкупати, на снаата и упатувал закани и навреди.

Тепаната жена во пријавата побарала кривичен прогон за насилниците, а полицијата работи на расветлување на овој случај.

Годинава за семејно насилство на гостиварското подрачје, поднесени се четири кривични пријави, четири барања за прекршочна постапка и 38 поплаки. Во најголемиот број пријавени случаи, насилство претрпеле сопруги.