Гостиварското ОУ „Гоце Делчев“ ќе добие нов покрив

Во новата програма е предвидена целосна промена на дотраената кровна конструкција на гостиварското ОУ „Гоце Делчев“, истакна Спиро Ристовски при денешната посета на Полошкиот регион.

Ристовски потенцираше дека проектот за промена на кровот е веќе изработен и прифатен, а градежните активности ќе започнат во текот на летниот период,  со што не би се нарушил воспитно образовниот процес во училиштето.

Тој додаде дека во програмата за следниот мандат е предвидена реконструкција на 140 училишта на целата територија на Република Македонија, како и изградба на 78 спортски сали.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.