Готово е со трансферот на Касилјас во Порто – промоција до крајот на неделата

Легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас, и дефинитивно го напушта „Сантијаго Бернабеу“.

По цели 16 години во првиот тим на „кралскиот клуб“, односно 21 година како член на Реал Мадрид, Касилјас си заминува и прави трансфер во португалскиот клуб Порто. Трансферот е веќе договорен и многу брзо треба да биде официјализиран, откако неговите агенти ги договориле сите детали со раководството на Порто. Во текот на викендот Касилјас ќе има и официјално збогување на „Сантијаго Бернабеу“.

Иако има актуелен договор со Реал Мадрид, ќе добие отштета за предвремено раскинување, а во Порто ќе добие и поголема годишна плата, која ќе изнесува 7 милиони евра, за еден милион поголема од заработувачката што требаше да ја има во Реал Мадрид.

Се чини дека со еден ваков сите се задоволни. Касилјас доби шанса да брани перманентно, и тоа во клуб кој ќе настапува во Лигата на шампионите, со оглед дека и во својата 34.година се уште не се откажал од настап во репрезентацијата на Шпанија, а сака да се наметне кај селекторот Висенте Дел Боске за настап на Европското првенство во Франција следната година.

Касилјас освои 18 трофеи со Реал Мадрид, од кои три пехари во Лигата на шампионите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.