Говорните услуги на Македонски Телеком функционираат непречено

Говорните услуги од фиксната мрежа на Македонски Телеком денеска по 13 часот работea со потешкотии. Стручни екипи од компанијата беа ангажирани за итно решавање на пречките, со цел што поскоро нормализирање на говорните услуги во фиксната мрежа.Проблемот е решен и во моментот, говорните услуги на Македонски Телеком функционираат непречено.

Од Македонски Телеком им се извинуваат на корисниците за настанатите проблеми и ги информираат дека превземаат континуирани мерки со цел во иднина да обезбедат беспрекорно функционирање на сите услуги.