ВИДЕО: Говорот на актерот Темелковски нема да остави рамнодушен ниту еден Македонец

Јас сега ќе ви кажам што зборувал нашиот прославен војвода Јане Сандански, нашиот пирински цар, уште пред повеќе од 100 години а вие самите проценете дали има разлика со денеска.

Ова го посочи на собирот на ГДОМ актерот Петар Темелковски.

Предавниците на Македонија испратиле човек да ме убие. Веднаш нека ме убие! Нека не чека. И 100  рани на моето тело се малку во споредба со телото на Македонија. Секој ден истекува нејзината крв а ние уште ги одзатнуваме дупките и им помагаме да се излева. Испратиле човек да ме убие. Еден сиромав еден неук, еден малоумен Македонец го поткупиле предавниците го исплашиле, го уцениле го подготвиле го стокмиле и го испратиле да ме убие. 11 пати испраќаат човек да ме убие. Па нека ме убие веќе еднаш, нека дојде овде и нека ме убие! Мачно ми е, мачно многу ми е, историјата се повторува, предавството трае, а ослободувањето наше бега далеку од нас. Ете затоа ве викнав, да позборуваме за нив, за предавниците на македонското национално и револуционерно дело. И нив ги викнав, а после сите гнаси предавства, после сите гнаси клевети и злосторства врз својот народ и во својата земја немаат ниту лице ниту образ да дојдат овде и пред мене да се соочат вас за нивните антимакеоднски дејанија. Најнапред сакам да ви кажам дека ние не сме разбојници како што ве лажат тие, ние сме припадници на Светата Внатрешна Организација, ние се бориме Македонија да биде целосно слободна, апсолутно независна и обединета и силна држава, порача во својот говор Темелковски.