Говорот на Милошевиќ од 2000-та и денес ги возбудува духовите

Говорот на поранешниот српски челник Слободан Милошевиќ од пред точно 17 години, деновиве повторно ја возбуди тамошната но и јавностите во регионот кои си го поставуваат прашањето дали тој предвидувал или знаел веќе сé.

Косово, Црна Гора, Војводина, губењето на националниот идентитет, фабрики со странски сопственици, слобода на говорот, тортура над мислењето, губењето на слободите, се некои од работите за коишто Слободан Милошевиќ зборуваше на 2-ри октомври 2000 година во тогашното обраќање до нацијата.

„Со воспоставувањето на власта, коајшто ја поддржува, односно којашто ја инсталира заедница на земјите собрани во НАТО алијансата, Југославија неизбежно ќе стане земја чијашто територија ќе се распарчи. Косово би била првата жртва. Неговиот сегашен статус би бил прогласен за легален и дефинитивен. Тоа е првиот дел од Србија со кој таа би морала да се прости без притоа да изрази ниту надеж дека тој дел од нејзината земја некогаш би можел да биде вратен“, се вели во говорот на Милошевиќ.

Покојниот српски претседател натаму наведува дека судбината на Црна Гора натаму би била препушена на мафијата, каде што секоја „недисциплина“ односно противење на интересите на мафијата го става секој човек на „листата за отсрел“.

За него тоа е сликата на Источна Европа, каде што правило сопствениците на стопанските субјектио ќе бидат странци.

Милошевиќ, говорејќи тогаш за Србија, односно за тогашната СР Југославија, но очигледно и за ситуацијата воопшто во регионот, наведува дека една од клучните задачи на инсталираните „марионетски власти во секоја земја…., е губењето на идентитетот“.

Во говорот Милошевиќ споменува и политички групации коишто се претставуваат како опозициски и со демократски ориентации, а за коишто оцени дека се „носители на интересите на притосокот“ врз тогашна Југославија, и преупредува дека нивните челници веќе ветиле автомомија за областа Санџак, Војводина.

„Нивното припојување на соседните држави одмана е жешка тема на тие држави, кои постојано ги поттикнуваат припадниците на тие малицнства на овие држава во Југославија да дадат свој придонес кон просединувањето на делови од нашата земја на соседните држави“, велеше Милошевиќ.

Предупредува во говорот, исто така, дека територијата би била контролирана од странски сили а дека српскиот народ би го снашла судбината на Курдите, но оти ќе биде побрзо истребен, бидејќи е помалуброен.

„Големата поделба на мнозинството сиромашни и малцинството богати, тоа е сликата на Источна Европа веќе неколку години… Таа слика нема да нé одмине… Манлцинството од богатите би вила составено од шверцерското малицнство, на коешто ќе му биде дозволено да биде богато само пдо услов во секој поглед да биде лојално на командата која одлучува за судбината на нивната земја. Мали исклучоци би биле исклучиво оние кои правото на сопственост би ја купувале со лојалност и покорност изместена од сферата на елементарнот, и националното и човековото достоинство. Најголемите национални добра тогаш стануваат сопственост на странците, а оние кои досега управувале со нив…. ќе бидат како службеници на странски фирми во сопствената држава“, велеше Милошевиќ.