Грабак и’ го донесе седмиот златен медал на Норвешка

Норвежанецот Јорген Грабак на својата земја и го обезбеди седмиот златен медал на Олимпијадата во Сочи. Тој денеска победи во нордиската комбинација скокови од големата скокалница и 10 километри крос-кантри.

Вкупното време на победникот изнесуваше 23:27.5, односно 118,4 поени од скокот и 22:45.5 од крос-кантри.Двојната победа за Норвешка ја комплетира Магнус Ховдал Моан кој во вкупниот резултат од златото го делеа само шест десеттинки.

Бронзениот медал во денешната дисциплина отиде кај Фабијан Реисл со заостанување од 1,6 секунди на вкупниот пласман.

Водечкиот по скоковите, Германецот Ерик Френцл на крајот го освои 10.место.

Словенката Тина Мазе го освои вториот златен медал на Игрите, откако беше најдобра по двете велеслаломски трки. Мазе оствари вкупно време 2:36.87 доволно за голема радост и ново злато по првото од трката во спуст.

Олимписката шампионка од супервелеслаломот Ана Фенингер го освои второто место, додека третото место го освои Германката Викторија Росенборг.

„Дојдов да победам. Верував во себе и покрај тоа што знаев дека ќе биде тешко. Се борев до крај и испадна како што се надевав. На Олимписките игри во Ванкивер, ми недостсуваше стотинка за златен медал, но во животот рботите се менуваат“, изјави Мазе.

Второпласираната по првото возење Џесика Линдел-Викарби на крајот заврши на 7.место додека третата по првата трка Надја Фанкини со вкупен заостаток од 38 стотинки беше четврта и остана без медал.