Грабар-Китаровиќ: Мислам дека бев сосема јасна, оној кој го сака мандатот мора да донесе потписи од најмалку 76 пратеници

Во првиот круг од консултациите одржани на 28 септември во кабинетот на хрватскиот претседател Колинда Грабар Китаровиќ, се покажа дека никој го нема потребниот број на потписи за да го добие мандатот.

Грабар-Китаровиќ подвлече дека ќе остане на тоа дека мандатот ќе го добие оној кој ќе успее да ги собере потребните потписи, односно 76 или повеќе.

– Мислам дека бев сосема јасна, оној кој го сака мандатот мора да донесе потписи за поддршка од 76 или повеќе пратеници, вели таа.

Вториот круг консултации за составување на Влада ќе се одржат во понеделник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.