Македонија

Грабар – Китаровиќ пред македонските војници во Кабул изрази сочуство за загинатите

Грабар – Китаровиќ пред македонските војници во Кабул изрази сочуство за загинатите

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар – Китаровиќ изрази загриженост поради судирот во Македонија и додаде дека во текот на денот ќе стапи во контакт со колегата Ѓорѓе Иванов, пренесуваат хрватските медиуми.

За време на посетата на Авганистан, хрватската претседателка во Кабул, во делот на населбата каде се сместени македонските војници во меѓународната мисија, по повод случувањата во Куманово, изрази сочуство до државјаните на Македонија, а посебно на семејствата на жртвите.

– Загрижена сум од случувањата во Македонија и ја користам можноста да изразам длабоко сочуство до македонските државјани и посебно на семејствата на загинатите во последните денови, како во свое име, така и во име на Република Хрватска, рече Грабар-Китаровиќ.

Таа во Авганистан се сретна со припадниците на хрватскиот контингент на мисијата „Одлучна поддршка“ во командата на таа мисија во Кабул.