Македонија,Крими хроника

Грабната Србинка која на Македонци им ветувала дека ќе ги носи во Германија

Грабната Србинка која на Македонци им ветувала дека ќе ги носи во Германија

Грабната Србинка која на Македонци им ветувала дека ќе ги носи во Германија. Кривична пријава е поднесена против З.Р.(44) од Штип, М.Л.(44), Р.Л.(24), двајцата од од Радовиш.

Тројцата се товарат дека сториле кривично дело „грабнување“, а Ш.Д.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“.

Пријавените, како што информира МВР, на 8-ми октомври годинава, околу 14,00 часот, во Куманово во непосредна близина на бензинската пумпа „Макпетрол“, со патничко возило „фолксваген“, управувано од Ш.Д. се паркирале пред патничко возило „рено меган“ управувано од Б.А. од Република Србија во кое била Србинката М.С.(40).

З.Р. М.Л. и Р.Л. поради тоа што истата претходно им зела пари ветувајќи им дека ќе ги носи во Германија, насилно ја внеле во нивното патничко возило и заминале од местото на настанот за да им ги врати паричните средства.

По кратко време во населбата Карпош во Куманово истите се сопрени од страна на полициски службеници и приведени во СВР Куманово.