Грабул донесе водство за Македонија против Ерменија

Димитар Грабул со убедлив триумф против Микајел Качатрјан донесе водство од 1-0 за македонската репрезентација против Ерменија во првата рунда натпревари од Третата зона на Дејвис Купот.

Грабул без поголеми проблеми, во два сета со 6:1,6:2 славеше против Качатрјан, отворајќи го патот за нашиот вкупно победа против Ерменците во пресметката.

Во вториот натпревар денеска во поединечна конкуренција, Томислав Јотовски ќе игра против Микаел Аветисјан.