Грабул напредуваше на најновата АТП листа

На најновата АТП листа, која се обновува секој понеделник, Томислав Јотовски и понатаму е нашиот најдобро рангиран тенисер, односно се наоѓа на 552-то место со 57 поени.

За разлика од Јотовски, кој ја задржа својата позиција, Димитар Грабул направи скок од седум места и сега се наоѓа на 630-то место со вкупно 42 поени.

На ВТА листата пак наша најдобро рангирана тенисерка е Лина Ѓорческа која се наоѓа на 429-то место, односно забележа пад од 17 места. Таа има освоено вкупно 73 поени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.