Грабул во следната рунда, Мицов во полуфинале

Димитар Грабул го победи Бугаринот Данаил Тарпов во втората рунда од фјучрс-турнирот во Сокобања и со тоа му врати за вчерашната елиминација на Томислав Јотовски. Наместо да се надигрува во македонско дерби, денеска Грабул влезе како голем фаворит против изненадувањето од Бугарија и славеше со 6-3, 7-5. Со оваа победа се пласира во четврт-финалето, а таму веќе го чека четвртиот носител на турнирот, Србинот Мики Јанковиќ (426.).

На истите терени, но во конкуренција на двојки Стефан Мицов доби подарок пласман во полуфиналето, затоа што противниците Шуц и Кучник од Чешка, кои патем се први носители, се откажаа уште пред дуелот да почне. Сега Мицов и неговиот партнер Александр Маса ќе играат против Валох (Австрија) и Малишев (Русија), кои исто така поради откажување на противниците (третите носители) се најдоа во полуфиналето.

Овие двајца се преостанати од петмина македонски тенисери на турнирот во Сокобања.

Извор: sportmedia.mk