недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 0

Град Скопје ги додели наградите „13 Ноември“ за 2016 година

Во рамки на свеченоста, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на добитниците на признанието „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2016 година, им ги врачи наградите и им се обрати на присутните гости.

dodeluvanje-nagradi-13-noemvri-2016-6

Последни вести

Во Македонската опера и балет, синоќа се одржа свеченоста по повод одбележување на Денот на ослободување на Скопје, 13 Ноември.

Во рамки на свеченоста, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на добитниците на признанието „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2016 година, им ги врачи наградите и им се обрати на присутните гости.

2

– Во оваа прилика сакам да потенцирам дека е наша должност да ги поттикнуваме и да им го вреднуваме несебичниот труд на сите оние наши сограѓани кои со својата работа и достигнувања вложувале и вложуваат во развој на Скопје, како град во кој се негува духот на традицијата, солидарноста  и мултикултурниот  соживот. Токму традиционалната годишна награда „13 Ноември на Град Скопје“, за особени достигнувања и остварувања во сите сегменти на животот, е знак на  признание на Градот Скопје кон сите оние кои што со својот труд и достигнувања придонеле за неговиот развојот, но и за севкупниот напредок и афирмација на Република Македонија, во и надвор од нејзините граници. Ми причинува особена чест и задоволство што ја имам можноста, како Градоначалник на Скопје, вечерва да им ги врачам наградите на овогодишните добитници, искрено убеден дека ова признание за нив ќе биде силен поттик за нови творечки достигнувања – истакна градоначалникот Трајановски.

Во името на добитниците на Наградата „ 13 Ноември“ на Град Скопје за 2016 година се обрати архитектот Вангел Божиновски.

1

Добитници на Наградата „ 13 Ноември“ на Град Скопје, за 2016 година се:

 Од областа на науката:

  1. МИХАИЛ ГАРЕВСКИ, универзитетски професор, за значајни остварувања во областа на науката, образованието и градежното конструктерство
  1. АСЛАН ХАМИЛИ, професор на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“- Скопје, за значајни континуирани остварувања во науката и образованието.

Од областа на образованието и воспитанието

1.ТОМИСЛАВ ДИМИШКОВСКИ, професор во пензија, за значајни остварувања во областа на образованието и воспитанието.

Од областа на културата:

1.АЛЕКСАНДАР КУЈУНЏИСКИ, писател за деца и млади, за значајни долгогодишни остварување во областа на културата и уметноста.

 Од областа на уметноста:

1.МУШЕРЕФ ЛОЗАНА ПРЕКИЌ, актерка во пензија, за посебен придонес во популаризацијата на театарската уметност во град Скопје.

2.ЛЕТКА ПОЛИЗОВА ДИМОВСКА, хорски диригент, за 40-годишна професорска работа како диригент на женскиот камерен хор „Св.Злата Мегленска“

Од областа на публицистиката и архитектурата:

  1. ВАНГЕЛ БОЖИНОВСКИ, архитетект, за долгогодишни истражувања, популаризирање и развој на град Скопје и за архитектонско креирање на повеќе значајни објекти.

Од областа  на  хуманитарната активност:

1.АЛМИНА АЛИЛОВИЌ, студентка,  за покажана хуманост и спасување човечки живот.

За ученици и студенти:

1.ЕВА КАРАМАНОВСКА, ученик во ООУ „Рајко Жинзифов“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннатавните активности.

2.МАРКО НАУМОВСКИ, ученик во СУГС„д-р Панче Караѓозов“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности.

Во рамки на свеченоста по повод  Денот на ослободувањето на Скопје, во фоајето на МОБ, беше отворена и изложба на ликовните дела, што беа насликани на Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2016“, а по доделувањето на наградите, во чест на добитниците и по повод празникот на Скопје, наспат имаа хорот „Св. Злата Мегленска“, а потоа се одржа оперетата „Глорија“.

 

 

 

 

 

 

Најчитани вести