Град Скопје испрати помош во Новаци

По обилните врнежи на дожд и поплави, но и најавениот нов бран врнежи од утре попладне, кога се очекуваат и до 30 литри дожд на метар квадратен, Градот Скопје вчера испрати тим на лица и техничка помош и механизација за справување со поплавите во општина Новаци.

Општина Новаци е една од најпогодените од поплавите во источниот дел на Република Македонија, поради што Градот Скопје одлучи да помогне за подобро справување со оваа состојба.

Градот Скопје испрати три цистерни за влечење на вода со две моторни пумпи со голем капацитет за испумпување вода (7800 и 1200 литри во минута), како и една цистерна со вода за пиење. Со техничката помош во општина Новаци е испратена е и екипа од 12 лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје.

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ја прати состојбата на терен и доколку има потреба ќе испрати дополнителна помош.

Претходно, по првиот бран на обилни дождови и поплави кои во неделата го зафатија источниот дел од државата, Штабот за заштита и спасување на Град Скопје испрати тим на лица и техничка помош и механизација за справување со поплавите во општина Штип.