Град Скопје: Канцеларијата во Брисел обезбедува средства за големи проекти

Канцеларијата во Брисел има основна цела обезбедување на финансиски средства за реализација на проектите на Град Скопје (и другите општини во Република Македонија) од соодветните европски фондови. Воедно, задача на оваа канцеларија е и презентирањето на проектите како партнер на преостанатите градови и општини од ЕУ за финансирање на заеднички проекти од европските фондови. Активностите на канцеларијата се насочени кон дистрибуција на информации, изнаоѓање партнери за проекти и следење на политиките и регулативите кои се донесуваат на ниво на ЕУ, но исто така, и обезбедување влијание во нивното креирање, стои во соопштението на Град Скопје за активностите на Кацеларијата во Брисел.

Во однос на трошоците за канцеларијата и платите, до 31 декември 2013 година од буџетот на Град Скопје се издвојувале 2.500 евра, а од јануари 2014 година кацеларијата своите активности ги извршува во рамки на амбасадата на Република Македонија во Брисел, и трошоците изнесуваат 1.100 евра месечно. Овие суми се значително пониски од сумите со кои се шпекулирало во дел од медиумите кои спомнувале суми од 7000 евра месечно.

Со отворање на Канцеларијата Градот Скопје ги почна поинтензивните вмрежувања со други градови од Европа и од регионот. Воспоставени се контакти за можно претставувања на Градот и аплицирање на европските програми отворени за земјите со кандидатски статус. Активно учество на годишната манифестација Отворени денови на регионите и градовите во Брисел, вмрежување со дел од канцелариите на градовите лоцирани во Брисел, интензивирање на контактите со регионот Брисел, и др, посочуваат во соопштението од Градот.

Градот Скопје досега има реализирано голем број проекти кои се финансирани од програми на Европската Унија и други фондови, а како најважни од изминатиов период можеме да ги издвоиме Реконструкцијата на Младинскиот културен центар, како и учеството во проектот РЕНЕСАНСА – проект за примена на оддржливи мерки за транспорт. За реализацијата на овие два проекти Градот Скопје од европските фондови доби 1.232.560 евра.

Во моментов Градот Скопје работи на проекти кои се финансирани од европските фондови и е вклучен во голем број европски проекти, како што се Проектот за размена на искуства и добри практики помеѓу градовите за енергетска ефикасност CASCADE, Проекот за изработка на техничка документација за изградба на колекторки систем за потребите на пречистителната станица во Скопје, Проектот од областа на еколошката енергија и справување со отпад Re-SEEties, Проектот за употреба на електрични возила EleCTra, како и учество во проектите INSec, CH4LLENGE, FUPOL, Sreetlight-EPC, ACHELOUS, DECIDE  и SINERGY. Вкупниот буџет за Град Скопје за овие проекти е околу 700.000 евра, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Градот Скопје му беа достапни само ограничен број  европски програми и за разлика од поголем број  општини во Македонија, воопшто на располагање ги немаше европските средства предвидени за прекуграничната соработка, се потенцира во соопштението.