сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Град Скопје ќе се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“

планета

Поврзани вести

Градот Скопје оваа сабота ќе се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“ – најголемата светска волонтерска акција која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во времетраење од еден час да испрати силна порака за спас на планетата. Мотото на глобалната акција оваа година е „Заблескај светлина на климатските промени“.

Акцијата „Часот на планетата Земја“ ќе трае од 20:30 до 21:30 часот со исклучување на илуминацијата на следниве локации во центарот на градот:

– Улицата Македонија,

– Палатата „Пелистер“,

– Ристиќевата палата,

– Камениот мост,

– Скопската тврдина,

– Паркот „Жена борец“ и спомениците,

– Плоштадот „Филип Втори“,

– Мостот „Око“ и

– Мостот на уметноста.

Заедно со волонтерите учесници во глобалниот тим на „Часот на планетата Земја“ настанот ќе биде поддржан од повеќе институции, а воедно ќе биде изведен перформанс со 300 свеќички на улицата Македонија.

Ова глобално еколошко движење е креирано од WWF (World Wildlife Fund), а поддржано од Обединетите Нации. Во одбележувањето на „Часот на планетата Земја“ се вклучуваат над 170 земји, а многу градови низ светот ја поддржуваат оваа акција со симболично исклучување на осветлувањето на споменици, згради, мостови, канделабри во парковите и слично. Целта на овој настан е да ја охрабри глобалната заедница за споделување можности и предизвици за создавање одржлив свет.

Најчитани вести