Град Скопје ќе учествува на Европската недела на мобилност

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, утре ќе потпише пристапница за учество во Европската недела на мобилност 2014 година.

Со потпишувањето на пристапницата официјално ќе почнат активностите за oваа кампања за почиста и поздрава животна средина.