Град Скопје: Не сме информирани за планираната донација од „Дуна компјутери“

Градот Скопје ги демантира изнесените информации од компанијата „Дуна компјутери“ во врска со нивна донација на софтвер и оттаму нагласуваат дека немаат примено никаква донација од компанијата.

Всушност, не е воспоставен никаков контакт меѓу надлежните служби од Градот и компанијата „Дуна компјутери“ во врска со примање  донација и за соработка со истата компанија  и во тој контекст, сакаме да посочиме дека Градот Скопје воопшто не е запознаен за каков специјален софтвер станува збор, реагираат од градската власт.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.