Град Скопје објави конкурс за најдобра фотографија од градот

Град Скопје објави Конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од Скопје.

Фотографија може да достави секој, а истата треба да ги содржи следниве точки:

1. Мотивите на фотографиите да се од Скопје.

2. Да се достават фотографии со различни мотиви од Скопје, по избор на доставувачот на фотографиите.

3. По желба на доставувачот, може да се доставуваат и дневни и ноќни фотографии.

4. Доставените, односно пријавените фотографии да се во дигитален jpg или друг формат, со висока резолуција.

5. Изборот на фотографиите ќе го изврши специјална Комисија   формирана од Град Скопје, според критериумите утврдени во Конкурсот.

6. Фотографиите не треба да бидат постари од 5 години.

7. Град Скопје го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи наградените фотографии во некомерцијални цели.

8. Град Скопје ќе организира изложба за наградените фотографии во еден од своите културни центри.

Ќе бидат наградени трите најдобри фотографии. Наградата за најдобрата фотографија изнесува 50.000 денари, добитникот на второто место ќе освои 40.000, а на третото  место 30.000 деари.

Ќе се оценуваат фотографии снимени во која било од општините кои се на територијата на градот Скопје. Ќе се оценуваат фотографии снимени во кој било временски период на едно деноноќие и фотографии снимени во која било сезона на годината.

Секој кандидат своите фотографии треба да ги достави на ЦД, во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик треба да има уште два затворени и запечатени плика, од кои едниот со ознака „предлог” под шифра, а другиот со документација со иста шифра ја содржи документацијата и идентификацијата на испраќачот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.