Скопје подготвен за Суперкупот: Промотивно видео за туристите

128

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на социјалната мрежа Фејсбук објави промотивно видео кое има за цел да ги промовира убавините на Скопје, но и да ги информира туристите кои ќе го посетат градот за време на одржувањето на Суперкупот.

„Градот Скопје е подготвен за одржувањето на УЕФА Супер Купот кој ќе се одржи на 8 август во Скопје на националната арена „Филип Втори“. На овогодинешниот Супер Куп силите ќе ги одмерат двата најголеми фудбалски клубови во светот, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. За таа цел изработивме промотивно видео на англиски јазик чија цел ќе биде информирање на туристите и промовирање на убавините на Скопје“, пишува Трајановски на Facebook.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.