Град Скопје испрати помош за Тетово

По вчерашните обилни држави и поплави во тетовскиот регион Град Скопје рано утринава обезбеди помош за Тетово. Во градот се испратени тим на лица, техничка помош и механизација за справување со поплавите.

Испратена механизација за справување со поплавите

Поплавите во тетовско направија огромни штети
Поплавите во тетовско направија огромни штети

Градот Скопје испрати две цистерни за влечење вода и седум цестерни за носење вода од ЈП „Водовод и канализација” и ЈП „Kомунална хигиена”, три противпожарни возила опремени со моќни пумпи за испумпување вода, како и неколку моторни пумпи со голем капацитет за испумпување вода.

Екипа од над 70 лица на терен во Тетово

Со техничката помош на терен во поплавените делови испратена е и екипа од над 70 лица, составена од пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, поголем број лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, како и од јавните претпријатија на Град Скопје.

Од Град Скопје соопштуваат дека Штабот за заштита и спасување ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба ќе испрати дополнителна помош за Тетово.

Итна владина седница за Тетово

Владата на Република Македонија денеска ќе одржи специјална седница за состојбата со поплавите.

VladaRMПремиерот Никола Груевски закажа владина седница по повод предизвиканите поплави од обилните врнежи на која ќе се разгледаат состојбите и ќе се утврдуваат натамошните активности, пред се помошта за населението и субјектите, информира портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

 

Поплавите предизвикани од поројните дождови во тетовско прдизвикаа вистински хаос во градот и околината.

Четири лица го загубија животот по поплави и свлечишта, меѓу кои и седумгодишно дете. Шестгодишно девојче се уште се води како исчезнато. Неколку лица се здобиле со повреди.

Свлечиштата и надојдените реки носеле се пред себе, а паднатите дрвја и гранки предизвикале огромни штети.

 

 

Премиерот Никола Груевски во пдружба на неколку владини функционери доцна синоќа итно излезе на терен во поплавените подрачја и оствари средба со граѓаните кои беа најмногу погодени од природната катастрофа.