Град Скопје поставува паноа за бесплатно изборно рекламирање

Согласно со Одлуката за условите за добивање право за користење место за истакнување изборни плакати во Градот Скопје („Сл.гласник на Град Скопје 6/06), Град Скопје поставува паноа за бесплатно изборно рекламирање на посебно определени локации.

За добивање право на користење место за истакнување на изборни плакати на наведените паноа, организаторите на изборната кампања доставуваат барање до администрацијата на Град Скопје-Сектор за комунални работи, најдоцна до денот определен за почеток на изборната кампања -21 ноември 2016 година, до 12 часот.

Распоредот на истакнување на изборните плакати се определува со ждрепка, посебно за секој подносител.

Ждребот ќе се изврши на 21 Ноември 2016 година, во 13  часот, во Град Скопје-Сектор за комунални работи (булевар Илинден број 82, барака 11.