Град Скопје: Ќе се гради пристапна, а не транспортна улица

Пристапна улица со посебен сообраќаен режим, а не “транспортна улица” ќе се гради на кејот „13 Ноември“. Град Скопје, повторно реагира на изјавата на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски поврзани со изградбата на пристапната улица со посебен режим на кејот „13 Ноември“.

Интегрален текст од соопштението на Град Скопје:

Градот Скопје реагира на тврдењата на градоначалникот Жерновски дека Град Скопје ќе гради улица на кејот „13 Ноември, кога всушност станува збор за пристапна улица што ќе се гради на кејот „13 Ноември“, која е предвидена со Детален урбанистички план донесен од Општина Центар, а ќе ја гради приватен инвеститор.

Значи, Град Скопје не е институцијата која која ја има вцртано оваа улица и Град Скопје не е таа која ќе ја гради.

Дополнително, не е точно тврдењето на Жерновски, кое упорно се обидува да го наметне во јавноста, дека станува збор за “транспортна улица” која се гради на кејот „13 Ноември“. Станува збор за пристапна улица со посебен сообраќаен режим, која нема да биде сообраќајна и истата ќе биде уредена од плочки, а не од асвалт или слично на улицата Никола Вапцаров. За оваа пристапна улица ќе важи посебен режим за движење на моторните возила, поточно истата ќе биде достапна само за службените возила на Телеком, за достава на роба до околните угостителски објекти, како и за пристап на противпожарните возила и возилата на брза помош, кој и сега се движат по истиот простор.