Град Скопје се вклучува во масовната кампања Ден на дрвото

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, заедно со советници во Советот на Градот, градската администрација, вработени во јавните претпријатија, ученици во средните училишта и претставници од невладините организации, денеска во 10:30 часот активно ќе се вклучи во масовната кампања Ден на дрвото 2014 година и ќе учествува во акцијата за засадување дрвја.

Дрвја ќе се засадуваат по должината на булеварот 8.Септември, на потегот од крстосницата со булеварот “Илинден” до крстосницата со булеварот “Партизански одреди”, зад градската болница „8.Септември“.