Град Скопје со иницијатива за испраќање парична помош за Непал

Конкурс за откуп на фотографии со мотиви од Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на наредната седница ќе му предложи на Советот на Град Скопје да усвои одлука за испраќање парична помош по катастрофалниот земјотрес што го погоди Непал во саботата.

Како што соопштуваат од град Скопје, станува збор за парична помош во вредност од еден милион денари.

Инаку, градоначалникот Трајановски веќе испрати телеграма со сочувство за загинатите во земјотресот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.