Градбата на затворениот базен во Охрид почнува годинава

Образованието продолжува да биде нашиот фокус, тоа е нашата гаранција за создавање на здрави генерации и сигурна иднина. Во целиот овој регион се инвестирани 6 милиони евра за изградба на училишта, нивна реконструкција и доопремување. Изградени се 6 нови училишта, а реконструирани и модернизирани се објектите на 41 училиште, од кои само во Охрид извршена е реконструкција на 11 училишта. Охрид повторно е универзитетски центар, рече премиерот Груевски денеска во Охрид.

-Во областа на спортот во Охрид и регионот се инвестирани 2 милиони евра за изградба на спортски сали и спортски терени. Денес сакам да објавам почеток на реализација на еден долгоочекуван проект за Охрид и Охриѓани а тоа е изградба на затворен базен, проект кој вреди 5 милиони евра и ќе започне со реализација наредните неколку месеци . Објектот ќе се простира на површина од 15 илјади м2, со предвидени трибини и над 500 седишта, со димензии на базенот од 33 на 22 метри. Со ова по долги години искчекување Охрид и охриѓани ќе добијат затворен базен во чии рамки ќе има и деловен простор. Јавниот повик за изведувач за овој проект ќе излезе следниот месец, рече Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.