Македонија,Крими хроника

Градежен работник од Битола загина на објект

Градежен работник од Битола загина на објект

Битолчанецот Никола К. роден 1970 година, попладнево го загуби животот при пад од станбен објект, во кој бил ангажиран како градежен работник.

Веднаш по дојавата за несреќен случај во населбата „Областа“, испративме стручни екипи, а на местото на настанот пристигнаа медицински лица и истражен судија. Смртта на Никола К. (1970 г.) од Битола е констатирана на лице место, а се случи пред една од зградите во населбата, информираа од СВР-Битола.

Се врши обдукција по наредба на истражен судија.