Градежната оператива активно ќе се вкучи во процесот на гасификација

Градежните компании од Македонија активно ќе бидат вклучени во процесот на реализација на гасификацијата во Македонија, беше, меѓудругото, потенцирано на денешната презентација на проектот пред претставници на градежните компании членки на Сојузот на стопански комори на Македонија.

„Очекувам дека идниот концесионер ќе вклучи голем дел од македонските градежни компании за процесот на гасификација,а тоа ќе се случи и за изградба на патиштата и железницата“, рече денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Според претседателот на Асоцијација на градженици при Сојузот на стопански комир на Македонија, Сеад Кочан, целиот процес на гасификација ќе значи зголемување на конкурентноста, продуктивноста и ефективноста на компаниите, а во неговата реализација ќе биде вклучен не само градежниот туку и секторите поврзани со истиот.

На денешната презентација на проектот пред градежниците, ресорниот министер упати апел до сите заинтересирани компании да се јават на повикот, кој што трае до 26-ти мај.

Гасификацијата, како што беше нагласени, неколкукратно ќе ги намали трошоците и на домаќинствата и на компаниите, а почетната инвестиција од 1,25 евра за метар квадратен за приклучок ќе се врати за мошне брзо време.

„Повикот за гасификација на скопскиот регион трае до 26-ти мај оваа година и ги повикувам сите заинтересирани компании може да се јават на овој повик и очекуваме до крајот на годината дас склучиме договор со потенцијален концесионер кој во рок од четири години треба да ја изгради дистрибутивната мрежа во скопскиот регион“, рече Јанакиески, кој уште еднаш нагласи дека станува збор за инвестиција од 100 милиони евра.