Градежната оператива со скок од 119,3 отсто: Најмногу се градело во Франција, Холандија, Србија и Германија

Градежната оператива од Македонија во странство лани извршила градежни работи во вкупна вредност од една милијарда 997 милиони и 546 илјади денари, што е за 119,3 отсто повеќе во споредба со истиот период, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство, во период од јануари до декември лани, изнесува пет милијарди 207 милиони и 960 илјади денари, што е за 0,7 отсто помалку во однос на истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Франција, Холандија, Србија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Индија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Словенија и Либија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.