Градежниот факултет одбележува 65 години постоење

Градежниот факултет во Скопје денеска ќе одбележи 65- години постоење.

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхаин Изири и деканот на Градежниот факултет Милорад Јовановски ќе се обратат на свеченоста која ќе биде одржана по тој повод.

На свеченоста ќе бидат доделени пригодни признанија за соработници како и награди за најуспешно изработени дипломски работи и стипендии за најдобрите студенти.