Се изведуваат градежни работи на патот Градско – Прилеп

Се изведуваат градежни работи на патот Градско – Прилеп.

Како што информираат од ЈП Македонијапат, на патниот правец А1 Градско – Прилеп се изведуваат работи на пат (машинско гребење на асфалт) од 33 до 38 км.

Оттаму нагласуваат дека на овој патен правец е поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а ќе се работи во наредните седум дена од 07.00 до 15.00 часот.