Градежник од тетовско паднал од височина, се здобил со тешки повреди

Вчера во 13.10 часот во полициската станица во Тетово се јавил Ш.Н.(32) од с.Џепчиште, сопственик на фирма за изведување на градежни работи на кровни конструкции со лим и истиот пријавил дека од страна на М.А.(21) од Тетово, бил ангажиран да изведува градежни работи.

Додека работеле на кровната конструкција на објектот, М.А. се качил на кровот за да ја надгледува нивната работа и во еден момент додека разговарал на мобилен телелефон, од невнимание згазнал на стара лесонитна табла која се скршила, при што истиот паднал од висина од околу 6-7 метри на бетонската подлога.

Од страна на екипа од ИМП повредениот со амбулантно возило бил пренесен во КБ -Тетово и по укажаната лекарска помош поради сериозноста на повредите кој ги имал во пределот на главата и телото бил префрлен во Ургентен Центар -Скопје.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Тетово.