Градина од милијарда долари (Видео)

„Градини на брегот“ (Gardens by the Bay) во Сингапур е дефинитивно еден од најубавите и најоригиналните тематски паркови во светот, а се состои од два фасцинантни дела.

Првиот се вика „Supertree Grove“ и сочинува колекција на огромни вештачки дрвја, а вториот дел се две големи куполи со кој се имитира климата и животната средина на шумските планински врвови и тропски предели.

За да задоволството за да биде целосно, тука се наоѓа највисокиот водопад на светот внатре во затворениот простор, па не чуди што во изградбата на овој тематски парк се потрошени дури милијарда долари.

Најголема атракција се наоѓа на самиот влез во паркот – огромно дрво високо 25 и 50 метри што всушност се вертикалните градини преполни со папрати, винови лози, орхидеи и други билки, но имитираат функции на вистинско, живо дрво. Секое од овие оригинални дрва содржи фотонапонски клетки кои произведуваат електрична енергија за потребите на паркот, а воедно извршуваат и еколошка функција, затоа што ја собираат дождовницата која се користи за наводнување на билките или за фонтаните во овој парк.

Вториот дел од овој тематски парк го сочинуваат две високи куполи со контролирани климатски услови. Првата купола носи назив „Flower Dome“ и е осмислена како идеално опкружување за одгледување бројни билки од Автралија, Јужна Африка и Јужна Америка.

Поради тоа во оваа купола константно се одржува температура меѓу 23 и 25 степени, па во овој дел на паркот можно е да се почувствува автентично природно опкружување на овие тропски континенти.